YA logo
Be a voice, not an echo! Youth Alliance - Krusevo
MK

YAK news

Зошто сакам да бидам дел од НМСМ?

Posted on April 2021


Во 21 век, младите луѓе бараат промени. И додека ТОП теми на глобално ниво, се младинскиот активизам, младинското вклучување и младинското учество, се чини дека кај нас, некако овие теми се запоставени. Ќе забележиме врз нас младите се ставаат етикети како себични, незаинтересирани и изгубени. Со други зборови, се добива впечаток дека младите се целосно исклучени од сите општествени прашања. И сега се поставува прашањето, ако младите луѓе се движечката сила на општеството, тогаш што ги спречува да бидат активни граѓани, да покреваат иницијативи, да ги штитат своите права, да се вклучуваат во општествените прашања.  Според мене, ГЛАВНО и  ПРЕПОЗНАТЛИВО тело, кое ги ПРЕТСТАВУВА младите луѓе кај нас, е Националниот младински совет на Македонија.  Како млад човек и активист, кој сака да иницира позитивни промени, сметам дека НМСМ е вистинското место каде што би можел да ја инвестирам својата енергија, посветеност и желба за создавање општество пријател на младите.

Кога сме кај Националниот Младински Совет на Македонија, би сакал да ги истакнам моите визии и приоритети, како активист и волонтер кој веќе три години е вклучен во младинскиот сектор. Сметам дека ние, младите луѓе,  не сме прашани ниту пак консултирани, за многу од прашањата за кои и тие се дирекно засегнати. Исто така, би додал и дека сме многу малку  вклучени во општествените процеси. За одржливост на едно општество, почетната точка се ЗАДОВОЛНИ, СРЕЌНИ и ВКЛУЧЕНИ млади луѓе. Затоа и еден од моите приоритети е застапување на интересите и вклучување на младите. Главен механизам, тело, структура преку кој што би можел да ја остварам оваа моја визија, е секако НМСМ.  Следно што сметам дека е исклучително важно, е работење на поголема видливост и препознатливост на НМСМ и негова дирекна комуникација со младите луѓе кај нас. А, зошто? Бидејќи НМСМ ПОСТОИ ЗА МЛАДИТЕ, ВО ФОКУСОТ СЕ МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ИНТЕРЕСИ  и најдобар начин е доколку младите се дирекно прашани од страна на НИВНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ. И за крај, зошто сакам да бидам дел од НМСМ?  ЗАТОА ШТО  НМСМ е вистинската средина каде би можел да работам на развој на младински политки. ЗАТОА ШТО НМСМ е „инкубатор“ на позитивни промени. ЗАТОА ШТО НМСМ се младите луѓе кои сакаат да бидат дел од промените и работат на ОДРЖЛИВИ политки. И ЗАТОА ШТО НМСМ е ГЛАВНАТА МОЖНОСТ за вклучување и интеграција на младите луѓе во сите сфери на општеството. Мојата доверба во НМСМ ми е поттикната од довербата во ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ кои припаѓаат во ОТВОРЕНИ, ДИНАМИЧНИ и СО ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ млади луѓе.  

     YAK ID Card

 Statute of YAK
Annual report 2016
Organizational structure
How to be our member



Instagram