Виртуелниот младински хаб “М зона” e онлајн платформа за младинско информирање, ангажирање, обука и поврзување, со цел активно вклучување на младите во општеството. Идејата за “М Зона” произлегува од предизвиците што ни ги донесе 2020 и пандемијата со КОВИД-19. Со активностите кои ќе бидат организирани во виртуелниот младински хаб, ние ќе отвориме можности за онлајн едукација на младите, како и за нивно поактивно ангажирање користејќи ги новите виртуелни трендови. Нашата идеја за работа на виртуелниот младински хаб е поддржана од страна Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Младите со своите креативни и иновативни идеи се решението на општествените предизвици и потреби, а не се дел од проблемите. Користејќи ја современата технологија, младите можат да ги предводат клучните промени за да направат позитивни делувања помеѓу своите врсници, во своите заедници и поширокото општество.
“М зона” нуди активен ангажман на младите, релевантни и проверени информации, можности за онлајн обука и (дискусии) – онлајн средби со носителите на одлуки. Токму затоа, ќе организираме разни настани на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм, Јутјуб, ТикТок) преку користење на атрактивни дигитални алатки, квизови, онлајн натпревари и предизвици итн.
Оваа година се откажаа сите физички настани, семинари, работилници и токму затоа, ја увидовме важноста за широки и отворени онлајн дискусии во кои ќе бидат вклучени младите со цел да биде слушнат нивниот глас. Со виртуелниот младински хаб, Младински Сојуз Крушево продолжува да инвестира во социјалниот капитал изграден со младите од 1999 година.
Токму затоа, ве покануваме активно да учествувате во онлајн дискусиите, да се пријавите за интервју, да ги слушате нашите подкасти, да ги споделете вашите мислења и ставови на онлајн квизовите, да учествувате на интервјуата во живо на социјалните канали и мрежи, да ги проследете нашите видеа, да ни ја раскажете вашата приказна и да нипишете за вашите идеи, предлози и забелешки на contact@youthalliance.org.mk.




