
ЛИЧНА КАРТА НА ПРОЕКТОТ
Финансиски инструмент: Call 2023 Round 1 KA2 KA220-YOU - Cooperation partnerships in youth
Статус на проектот: Фаза на репортирање
Период на имплементација: 1/09/2023 – 30/06/2025 (22 месеци)
Финансиран од: Национална Агенција за Европски Едукациски Програми и Мобилност
Водечка организација: YМладински Сојуз - Крушево
Партнерски организации: Коалиција за развој на солидарна економија – CORSE (Србија) и Здружение на социјални претприемачи на Бугарија – BASE (Бугарија)
Теми: Претприемништво, индустрија, МСП и претприемачка иницијатива; Развој на заедницата; и Претприемничко учење – образование за претприемништво
Проектот разви иновативна, отворена алатка – Барометар за социјално претпримеништво, наменета за проценка и унапредување на подготвеноста на екосистемите за младинско социјално претприемништво. Барометарот се заснова на 23 индикатори поделени во четири столбови:
-
Финансирање и пристап до капитал
-
Системи за поддршка
-
Човечки капитал
-
Квалитет на живот
Преку истражување, обуки и прекугранична соработка, SEB обезбедува конкретни податоци и методологии што им помагаат на креаторите на политики, образовните институции, граѓанските организации и бизнис секторот да создадат поддржувачка средина за социјалната економија.
Клучни постигнувања
Истражување и докази: Спроведено во Северна Македонија, Србија и Бугарија, преку анализа на над 150 документи, 30 длабински интервјуа и 6 фокус-групи за идентификување на предизвиците и потенцијалите на секторот.
Младинско зајакнување: Обучени над 90 млади и младински работници за користење на Барометарот и за анализа на локалните екосистеми.
Знаење и извештаи: Изработени се три национални истражувачки извештаи и три национални Барометар за социјално претприемништво.




