Зошто да не поддржите?
Резултатите кои ги постигнавме во изминатите дваесет години означуваат успех во младинската работа. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија на локално, национално и меѓународно ниво. Успех кој немаше нема да биде целосен без домашната и меѓунардоната поддршката.
Во досегашниот период спроведовме над 800 проекти за промоција на активно учество на младите луѓе во сите сфери на општеството. Ние ги предводиме и поттикнуваме промени со нови и алтернативни решенија на младинските проблеми. И вие можете да ги поддржите промените со директна и индиректна поддршка за спроведување на нашите активности. Секоја ваша поддршка ќе придонесе во остварувањето на нашите цели. Вашата поддршка за нас не претставува само финансиска, туку и морална поддршка.
Како да не поддржите?
Директна поддршка на нашите активности опфатени преку нашите програми. Доколку имате можности и идеја за поддршка контактирајте не на: youthalliance@youthalliance.org.mk.
Индиректна поддршка
Од 2016 година Младинскиот Сојуз – Крушево има два тима кои активно придонесуваат во обезбедување на средства за имплементација на нашите активности.
МЕДИА ТИМ: нуди услуга за аудио и видео стриминг преку интернет за различни корисници и настани кои се посветени на позитивни општествени промени. Со услугата корисниците имаат можност да ги промовираат своите производи и услуги, да одржуваат предавања и презентации. Погодна е за пренос на настани во живо преку интернет, за телевизии и радија. Воедно медиа тимот комплетно решение, вклучувајќи аудио/видео опрема за снимање, соодветен хардвер и софтвер, и конекција за емитување преку интернет.
ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМ:
Организацискиот тим на МСК е искусен организатор на настани. Видови на настани организирани од страна МСК вклучуваат обуки, работилници, конференции и дебати за разни типови на учесници и публика. Членовите на организацискиот тим имаат големо искуство со организација на настани и одлични контакти со даватели на услуги за настани, во земјата (превод, опрема, угостителство, итн.) Доколку сте заинтересирани за најмување помош при организација на настани, контактирајте со нас на info@youthalliance.org.mk или на нашите канцелариски броеви. Во изминатите две години МСК има организирани повеќе од 50 меѓународни настани на кои присуствувале околу 1000 учесници.



