YA logo
Биди глас, не ехо! Младински Сојуз - Крушево
EN

МСК новости

Отворен повик за ангажирање на 6 професионални медиа тренери

Објавено на Октомври 2026


Младински Сојуз – Крушево, во рамки на проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards UnfreezingRegional Trust, Stability and Security“, објавува отворен повик за ангажирање на 6 професионални медија тренери кои ќе обезбедат менторска и експертска поддршка на младински тимови во процесот на развивање и спроведување дигитални мировни микро-кампањи.

 

Повикот е наменет за искусни тренери, медиумски професионалци и експерти со практично искуство во една или повеќе од следните области:

- дигитална писменост;

- онлајн безбедност;

- справување со дезинформации;

- про-мировна комуникација;

- проверка на факти;

- креирање дигитални содржини и кампањи.

 

Која ќе биде улогата на избраните тренери?

Избраните тренери ќе работат со млади луѓе од Северна Македонија, Косово и Србија, организирани во регионални тимови кои ќе развиваат сопствени дигитални мировни микро-кампањи.

Нивната улога ќе биде да обезбедат практична и менторска поддршка во процесот на осмислување, развивање и финализирање на кампањите, пренесувајќи знаења и алатки за одговорно користење на дигиталните медиуми, препознавање и справување со дезинформации, креирање квалитетни содржини и комуницирање пораки кои промовираат мир, толеранција, солидарност и меѓусебно разбирање.

Работата со младинските тимови ќе се реализира онлајн, во текот на октомври и ноември 2026 година.

 

За проектот

Дигиталните мировни микро-кампањи се дел од проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards Unfreezing Regional Trust, Stability and Security“, чија цел е да ги поврзе младите од Северна Македонија, Косово и Србија и да го зајакне нивниот капацитет за спротивставување на дезинформации, поделби и негативни наративи преку креативни и младински предводени иницијативи.

 

Преку оваа активност, младите ќе работат во мешани регионални тимови и ќе создадат дигитални содржини и кампањи кои придонесуваат кон градење доверба, меѓуетничка солидарност и култура на мир.

 

Период и формат на ангажман

Период: октомври - ноември 2026

Формат: онлајн

Број на тренери: 6

 

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати треба да го прочитаат целосниот повик, каде што се наведени условите за ангажман, потребната документација и начинот на аплицирање.


Целосниот повике достапен на следниот линк.

 

     Лична карта на МСК

 Статут на МСК
Годишен извештај 2016
Организациска структура
Како да се зачлениш?



Instagram