YA logo
Биди глас, не ехо! Младински Сојуз - Крушево
EN

МСК новости

Отворен повик за 5 млади луѓе од Северна Македонија

Објавено на Ноември 2026


Младински Сојуз – Крушево објавува отворен повик за избор на 5 млади луѓе од Северна Македонија кои ќе станат дел од Youth DigiZone - регионална иницијатива која ги поврзува младите преку дигитална креативност, раскажување приказни и креирање содржини за социјалните медиуми.

 

Повикот е наменет за млади на возраст од 18 до 30 години кои имаат интерес за дигитални медиуми, креирање содржини, storytelling и комуникација и кои сакаат своите идеи да ги претворат во реални регионални дигитални кампањи. Не е потребно претходно професионално искуство. Најважни се креативноста, мотивацијата, интересот за дигитална комуникација и желбата за соработка со млади од регионот.

 

Што ќе прават избраните учесници?

Избраните учесници ќе станат дел од Youth DigiZone и ќе работат заедно со млади од Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грција. Во рамки на активностите, тие ќе имаат можност да:

- креираат дигитални приказни и кампањи за социјалните медиуми;

- учествуваат во менторски процес и практична обука за развивање нови дигитални вештини;

- работат на регионални младински приказни и содржини со обезбеден буџет за нивна реализација;

- соработуваат со млади креативци од регионот;

- ги претстават своите идеи и содржини пред поширока регионална публика.

 

Целта е младите да го користат дигиталниот простор не само како место за консумирање содржини, туку како простор за креативност, поврзување, размена на идеи и поголема видливост на младинскиот глас.

 

За Youth DigiZone

Youth DigiZone е простор за регионална младинска соработка преку дигитални медиуми и креативни содржини. Иницијативата ги поврзува младите од регионот и им овозможува заеднички да развиваат приказни, кампањи и содржини кои ги претставуваат нивните перспективи, идеи и теми што им се важни.

 

Преку практична работа, менторство и регионална соработка, учесниците ќе ги зајакнат своите вештини за креирање дигитални содржини и ќе придонесат кон создавање посилен и повидлив младински глас во дигиталниот простор.

 

Кој може да аплицира?

Млади лица од Северна Македонија на возраст од 18 до 30 години кои:

- имаат интерес за дигитални медиуми и креирање содржини;

- имаат креативни идеи и желба да раскажуваат приказни;

- се мотивирани да работат во регионален тим;

- имаат интерес за младински теми и регионална соработка;

- се подготвени активно да учествуваат во предвидените активности.

 

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати треба да достават: CV и мотивациско писмо, на nina@youthalliance.org.mk, најдоцна до 30 октомври 2026 година.

Целосниот повик со повеќе информации за активностите и начинот на учество е достапен на следниот линк.

     Лична карта на МСК

 Статут на МСК
Годишен извештај 2016
Организациска структура
Како да се зачлениш?



Instagram